Македонија
21. јуни 2022 - 16:44

Пациентка од Психијатриска Болница Демир Хисар испаднала од возилото додека се превезувала

На 21.06.2022  во 00.05 часот во СВР Битола било пријавено дека на патен правец Демир Хисар – Битола, во близина на крстосница за с.Кутретино, 43-годишна пациентка на ЈЗУ  Психијатриска болница Демир Хисар испаднала од патничко моторно возило „рено“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на болницата, кое го управувал И.Д.(34) од Демир Хисар, а сопатник била медицинска сестра во установата.

Притоа, пациентката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Демир Хисар.