Македонија
31. May 2017 - 17:20

Пациентите со мултиплекс бараат современа терапија

Пред 13 години лекарите и дијагностицирале мултиплекс склероза. Од тогаш сега 42 годишната Кристина Просковска секој ден се бори да спречи прогресирање на болеста која може да ја врзе за инвалидска количка. Сега се движи со помош на патерица.

- Прв симптом на болеста кај мене беше завлекување на десната нога и немоќноста за извршување на функциите и се намалуваше можноста за двиќење, изјави Кристина Просковска.

Била ставена на листата за неопходна терапија на Неврологија, но лекот кој е достапен во дрѓавата кај нејзе немал голем ефект.

- На почетокот ја добивав интерферонската тереапија, но кај мене не делуваше и се упатив на алтернативна медицина, вели Просковска.

Кристина е една од 1300 пациенти во Македонија кои боледуваат од мултиплекс склероза. Заедничко барање на сите е да им биде обезбедена современа терапија која ќе спречи да останат инвалиди и да зависат од најблиските.

- Апелираме во Македонија да дојдат современи лекови кои имаат 65 % успешност во терапијата, а моментално лекот интерферот кој им се дава на пациентите со МС има 23% успешност, изјави Дејан Ѓеоргиевски, претседател на здружението Мобилност.

На меѓународниот ден лицата со МС побараа од државата и покривање на трошоците за физикална терапија која е неопходна за оваа дијагноза.

- Најнеопходно е физикална и масажа терапија која мора да се плати приватно, а верувајте многу е скапо, изјави Благица Јовчевска.

Мултиплекс склерозата е невролошко заболување кое е неизлечиво. Најчесто страдаат млади од 30-40 годишна возраст. Пациентите со МС  можат да живеат нормално, но цел живот се зависни од лекови.