Македонија
2. December 2019 - 17:55

Пациентите од истокот со срцеви болести нема да патуваат до Скопје за прегледи

Пациентите од Истокот за кардиолошки интервенции повеќе нема да патуваат во Скопје. Со помош на донации од штипскиот бизнис сектор и средства од клиничката болница, целосно е реновирано одделението за Кардиологија. 10 000 евра се инвестирани за комплетно реновирање на кровот, инсталацијата, тоалетите за пациентите, а болничките соби се опремени со нови кревети. Со дополнителни 10 000 евра се набавени најсовремени апарати.

- Можеме да кажеме дека денеска сме спремни сите 200-300 000 жители од Источниот плански регион, да ги прифатиме, третираме и лекуваме на ниво на клиника за кардиологија- изјави Сашо Николов, кардиолог, Клиничка болница Штип

Годинава им се одобрени и повисоки средства од ресотното министерство за медицински материјали, како стентови и коронарни жици.

- Во 2020 година ќе биде зголемен обемот на работа. Ќе бидат воведени нови процедури за отворање на крвни садови на нозе, на раце, на срце. Имавме интервенција на отварање на крвни садови на цревна артерија-додаде Николов

На оваа одделение месечно се стентираат меѓу 40 до 50 пациенти исе прават од 100 до 120 коренографии.