Пациентите кај матичен лекар ќе пополнуваат прашалници за самопроценка на депресија
Прашалник за самопроценка на депресија од денеска ќе пополнуваат пациентите кои ќе го посетат својот матичен лекар. Одговорите на прашањата ќе покажат дали кај пациентите постои психичко, социјално и професионално нарушување во континуитет од две недели.
Станува збор за активност која Здружението на лекари по општа медицина-семејна медицина, ја спроведува во рамки на одбележувањето на 19 мај, Светски ден на семејните и општи лекари, кој годинава се одбележува под мотото „Депресија - Ајде да зборуваме”.
Целта е, посочуваат од Здружението, да видиме дали ќе успееме да детектираме пациенти со знаци на депресија, а скорот кој ќе го добиеме ќе ни укаже дали се работи за лесна, тешка депресија или депресија која има во своето навестување и суицидален карактер.
Од Здружението информираат дека пациентите кои се сомневаат дека страдаат од депресија треба да побараат помош кај својот матичен лекар и да почнат да разговараат за овој проблем, затоа што депресијата може да се лекува. Довербата која ја има пациентот во својот матичен лекар е еден од главните услови за рана детекција, препознавање, дијагностицирање и навремено лекување.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот