Пациент во Хрватска починал откако по грешка му било инјектирано средство за дезинфекција
Претседателката на Управниот одбор на болницата во Чаковец, Соња Тошиќ-Грлач, изјави дека пациентот на хемодијализа починал откако по грешка му било вбризгано дезинфекциско средство.
Во хрватската јавност кружеа разни информации за тоа како починал 62-годишен пациент за време на рутинска хемодијализа. Болницата прво објави дека е инјектирана погрешна супстанција, додека подоцна управникот на болницата, д-р Томислав Новинчак, рече дека медицинскиот пепарат на пациентот му бил даден интравенски наместо локално.
Запрашан како е можно да се случила таква грешка, д-р Тошиќ-Грлач вели дека дезинфициенсот во болниците е вообичаено средство кое се наоѓа на количките на медицинските сестри. „Грешката е можна и, за жал, се случи“, рече таа, пренесува порталот „Индекс“. Таа додаде дека професионално ќе се спроведе интерен надзор и дека се земени изјавите на учесниците во инцидентот.
„Сè ќе се анализира, внатрешната комисија повторно ќе разговара со сите и ќе донесе мислење, а потоа ќе дојде инспекцијата на Министерството“, рече д-р Тошиќ-Грлач. „Денес полицијата и Државното обвинителство беа во болница и ги интересира што се случи и чија е вината. Тие земаа и документација”, вели Тошиќ-Грлач.
Телото на 62-годишникот е пренесено во Институтот за судска медицина и криминологија во Загреб, каде што треба да се утврди од што точно починал.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица