Пациент побегнал од штипската модуларна болница, кратко потоа пронајден мртов
Седумдесет и пет годишен пациент од Пробиштип, кој бил хоспитализиран во штипската модуларна болница на полноќ избегал, но по еден час на само неколку метри од болницата на улицата „Мирче Ацев“ во близина на средното медицинско училиште е пронајден мртов. Случаен минувач пријавил во полиција, поради траги од кочење на автомобил првично се проверувало дали станува за прегазен пешак. Но, подоцна било утврдено дека станува збор за пациентот, кој побегнал од модуларната болница. Обдукцијата покажува дека нема траги на насилство и според првичните сознанија причина за смртта е белодробната пневмонија.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА вели дека на лице место излегле полициски службеници и јавен обвинител. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев го потврдува настанот. Според него и вработените главниот влез на модулраната болница секогаш е заклучен, но пациентот успеал да излезе преку задниот влез, од каде се носат пациенти. Веднаш е формирана Комисија за квалитет, која треба да го истражи случајот.
– Комисијата откако ќе го истражи случајот, извешатјот ќе го доставам до Дисциплинската комисија, а повеќе детали за случајот јавноста ќе ја информираме во понеделник, рече Ѓеорѓијев.
Тој посочува дека доколку се утврдат пропусти ќе има и санкции за дежурните кои биле во болницата.
Во изминатите 24 часа во штипскиот ковид-центар починаа и 65-годишен пациент од Виница и 75-годишен од Штип. Загрижува и тоа што 61 пациент се на постојана кислородна поддршка. Пред еден месец пациент на Инфективното одделение посегна по својот живот, фрлајќи се од вториот кат. Пациентот заврши со тешки скршеници.
Ново на Сител
-
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ