Македонија
31. March 2020 - 13:35

Пациент од Дебар нова жртва на коронавирус во Македонија

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука денеска потврди дека уште едно лице од Дебар кое било хоспитализирано на Клиниката за инфективни болести во Скопје има починато од коронавирусот, пишува весникот Коха.

Информацијата е потврдена од неговите најблиски кои рекоа дека тој бил болен од коронавирус и дека пред неколку денови бил хоспитализиран во скопската клиника.

Според податоците на Дука, до денеска бројот на заразени лица во Дебар е 47, додека осум жители на градот кои се излечени во Скопје се вратени во нивните домови во Дебар.