-->
-->
Овозможен пристап до село Станци, се работи на трајно сообраќајно решение
-->
Локалната самоуправа на Крива Паланка овозможи времен пристап до село Станци, а интензивно работи на изнаоѓање трајно решение на проблемот.
- Жителите на Кривопаланечките села Станци, Дурачка Река и Дренак повторно имаат сообраќајна комуникација со градот. Пробиен е алтернативен пат кој е времено решение до изнаоѓање на трајно решение во консултација со експерти од Градежниот факултет, Дирекцијата за заштита и спасување и Министерството за транспорт и врски на РМ. Најважно ни е сите кои ќе минуваат овде да бидат безбедни, да нема никаков ризик. Ова е свлечиште од огромни размери кое се заканува повторно да се активира, поради што општината работи на трајно решавање на проблемот со сите расположливи сили и ресурси, изјави градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Тој информира дека е поднесено барање за помош и поддршка и до Владата на РМ.
- Во состојба како оваа која е резултат на елементарна непогода, никој не смее да се обидува да купува политички поени.Ние можеме да го решиме ова и ќе го решиме, а сите кои не обвинуваат и се обидуваат да купуваат политички поени на сметка на маките на граѓаните, нека не се ни обидуваат, зашто во вакви ситуации сите треба да бидеме единствени и да помогнеме, додаде Алексовски.
Свлечиштето настана на 30 март, кога по обилните врнежи огромна маса земја и карпи го затрупаа локалниот патен правец Крива Паланка село Дурачка Река-Село Станци, а околу 300 жители на три села беа отсечени од градот.
Локалната самоуправа ќе прави премин преку станечка Река и ќе се овозможи ново „бај-пас“ решение за сообраќање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност