Свет
15. July 2018 - 12:59

Овој возач имаше многу среќа: Нормално си возеше по улица, а потоа експлозија однесе се

Израелската војка погоди повеќе од 40 мети во Газа во последните 24 часа, додека 90 ракети во текот на минатата ноќ и денеска се испукани врз Израел, а дваесетина се пресретнати од систем за противракетна одбрана, Железна купола, соопштија израелските медиуми,

Сирените за ракетна тревога се огласија повеќе од 140 пати во пограничните населби.

Една снимка од Газа покажува возач кој вози по улица додека ракета не го погоди тоа подрачје. Камерата продолжи да се снима, но се виде дека наеднаш секаде настана хаос. Мотоциклите паднаа, автомобилите се оштетени, стакло насекаде, а минувачите бараа засолниште.

Инаку, двајца палестински тинејџери загинаа , а 14 Палестинци се ранети како и уште тројца Израелци се ранети денеска во најсериозниот судир на израелската војска и екстремистите во појасот Газа од војната на таа територија од 2014 година.
Тројца Израелци се здобија со умерени и полесни повреди во градот Сдерота, соопшти службата на итна помош на Црвениот Давидов штит.