Живот
1. December 2017 - 17:23

Овој војник стана херој: Со голи раце ја скрши шофершајбната за да ги извлече луѓето заробени во автомобилот

Еден кинески војник спасил двајца мажи кои биле заробени во автомобил после судар. Колата се превртела на страна и чад почнал да излегува.

Тој се обидел да го скрши ветробранското стакло, но потоа продолжил со голи раце да го крши стаклото за да ги извлече заробените патници.

Иако на самото место имало и други луѓе, најмногу се истачна овој неименуван јунак. На снимката може да се видат неговите раскрвавени раце.

Тој инаку бил на одмор, а по оваа успешна акција на спасување се вратил во војската.