Живот
17. January 2019 - 17:58

Овој рибар тврди дека знае што се случи со малезискиот авион: Го видов како паѓа, ја знам и точната локација каде е!

По речиси 5 години од исчезнувањето, и натаму нашироко се разгледува што точно се случило со малезискиот авион на летот MH370.

Индонезискиот рибар Русли Кусмин (42) има своја теорија. Вели дека ја видел несреќата додека патувал по брегот северно од Суматра.
 

Кусмин тврди дека од авион избил црн чад додека паѓал кон Малајскиот мореуз.

„Видов дека авионот се движи лево - десно како скршен змеј. Нема бука, само чад“, рече тој на кондеренцијата во Куала Лумпур.

Кусмин го донесоа од Индонезија во Малезија за да сведочи за тоа што го видел. Се заколна над Куранот и наводно, предал одредени докази. Донел ГПС навигатор која ги покажува точните координати од локацијата каде видел дека паднал авионот. Со овие тврдења натаму ќе ги проверуваат малезиските служби.

Да потсетиме, малезискиот авион исчезна на 8. март 2014 година со 239 патници. Иако постојат повеќе теории за тоа како авионот заврши во Индискиот океан, никогаш ни приближно не е откриена точната локација на падот.