Живот
17. јуни 2018 - 13:41

Овој пронајдок на ова дете ќе спаси многу деца: Веста за смртта на едно бебе го растажи Бишоп (11) кој смисли генијална идеја

Бишоп Кури (11) вредно работи на решавање на голем проблем поради кој страдаат деца во загреани автомобили. Пред година дена, детето ја видело веста за смртта на шестмесечно бебе кое починало во затворен автомобил, паркиран на сонце во неговото соседство. Во рок од неколку часа, Бишоп дошол на идеја како да спречи такви трагедии во иднина.

Таткото на детето раскажува дека синот штом се вратил од работа му притрчал со свиткано парче хартија во рацете на кое имал детално нацртан план за изумот кој го нарекол Оаза.

„Кога ми ја покажа скицата, бев горд на него затоа што размислувал за решавање на тој голем проблем“, рече неговиот татко.

Имено, детето дизајнирало вентилатор кој автоматски би се вклучувал кога внатрешноста на автомобилот би достигнала одредена температура. Уредот би бил поставен на наслонот за глава, преден или заден. Местото на кое би се поставил вентилаторот би зависел од возраста на детето и положбата на седиштето за деца.

-Уредот воедно и открива дали возилото запрело, а притоа користи ГПС технологија, рече таткото на детето и додаде: „Уредот открива и дали детето седи во автомобил кој се загрева. Ако се открие присуство на дете, од вентилаторот почнува да дува ладен воздух од системот за ладење.

Овој ученик во шесто одделение не застана на тоа. Сакаше да пронајде начин на кој би спасил дете од потенцијално опасни ситуации, па освен ГПС додаде и WI-FI. Ако вентилаторот е вклучен, вградената антена користи WI-FI за да ги контактира родителите на детето кое е во автомобилот. Ако не одговараат, системот ги алармира сите локални власти.

За само неколку месеци собрани се околу 50.000 долари за негова изработка, а детето успеало да го регистрира патентот и да изгради 3Д модел на уредот. Неговиот татко, инаку инженер во Тојота, идејата ја понудил во својата компанија. Производителот на автомобили е воодушевен од идејата, а уште неколку прозиводители покажале интерес за овој производ.

Секоја година во прегреаните автомобили во САД просечно умираат речиси 40 деца, објави организацијата за безбедноста на децата во автомобилите. Од 1994 година поради горештина во автомобилите починале дури 804 деца.