Живот
2. јуни 2018 - 20:54

Овој милионер целото свое богатство им го даде на сиромашните: По неговата смрт објавена е неговата последна порака

Милионер од Австралија кој, кога му е дијагностицирана болеста, се посветил на хуманитарна работа и донации, почина оваа недела.

На Алија Банат во 2015 година му е дијагностициран рак. Докторите тврдеа дека му се останати седум месеци живот. Поживеа две години подолго од предвидувњето на лекарите.

Овој филантроп и некогашен бизнисмен неколку години собираше пари за сиромашните муслимани ширум светот додека се бореше со болеста.
 
Пред да му биде дијагностициран ракот, Банат живееше многу луксузно. Беше сопственик на скапи автомобили, носеше само скапа гардероба и беше фокусиран на материјални работи.

Меѓутоа кога дозна дека е болен, сфати дека бил фокусиран на погрешни работи. Тој потоа својата болест ја опиша како „дар“.

„Тоа е дар, зошто Алах ми даде шанса за промена“, рече во една прилика.

Го продаде својот бизнис и отпатува во Того, каде 55 отсто од населението живее под границите на сиромаштија.

Банат знаеше дека во Того живее значен процент на муслимани, поради што одлучи сите свои пари да ги вложи во изградба на џамија, но и училишта за локаното население, а потоа и изградба на село во кои живеат над 200 вдовици и мали болници.

Потоа го покрена својот проект "Muslims Around the World" (Муслимани ширум светот).

Се проценува дека организацијата собрла 2,1 милион долари. Во последната видео-днимка бара неговата работа да не заврши со неговата смрт. Банат побара снимката да се објави по неговата смрт.