-->
-->
Овој козметички производ предизвикува рак, го уништува црниот дроб и бубрезите
-->
Кремовите за избелување на кожата можат да бидат отровни како и средствата за отстранување на фарби и треба да се избегнуваат по секоја цена, предупредува британското здружение на локални влади (LGA), пренесува „Би-би-си“
Кремовите делуваат како средствата за отстранување на фарби и го зголемуваат ризикот од рак”, изјавиле од здружението.
Многу производи за избелување на кожата се забранети во Велика Британија поради штетните состојки – но неодамнешните заплени на забранети производи укажуваат на тоа дека и понатаму се продаваат, наведуваат од LGA во своето соопштение за јавноста.
Повеќето од тие производи вклучуваат една забранета состојка, а тоа е хидрокинон – средство за избелување кое е биолошки еквивалент за отстранување на фарба. Хидрокинонот во основа го отстранува горниот дел од кожата, зголемувајќи го ризикот од појава на рак и потенцијално предизвикувајќи оштетување на црниот дроб и бубрезите.
Живата, уште една вообичаена забранета состојка, може да предизвика намалена отпорност на бактериски и габични инфекции, оштетување на црниот дроб, анксиозност, депресија или психоза, наведува Светската здравствена организација.
Кремовите за кожа кои содржат забранети состојки се многу опасни и можат сериозно да го нарушат вашето здравје, па дури и да ве убијат, така што треба да ги избегнувате по секоја цена”, изјавил советникот Симон Блекбрн во соопштението за медиумите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште