Живот
12. July 2018 - 22:38

Овој кошмар траел 6 часа: Сакал да ги фати клучевите што му паднале во чучавецот, но ја заглавил раката

Еден Кинез, означен само како Ванг, имал долга и мачна ноќ зошто ја заглавил раката во чучавец откако внатре му паднале клучевите.

Сакал да ги дофати, меѓутоа се заглавил и шест часа повиквуал помош се додека неговите крици конечно не ги слушнал соседот.

Во станот, во кој живее сам, упаднале пожарникари и го растуриле тоалетот за да го извлечат.

Нему раката до рамо му била заглавена во цевката од тоалетот, а тој беспомошно лежел на стомак.

Локалните медиуми пренесуваат како Ванг раскажал дека во саботата околу 23 часот во тоалетот му паднале клучевите па се обидел да ги дофати. Раката толку длабоко ја турнал во отворот па поради притисокот кој се создал не можел да ја извлече.

Пожарникарите го ослободиле за 30 минути, а раката, иако црвена и отечена, уште ја чувствувал. Го префрлиле во болница на анализи.