Свет
16. November 2018 - 11:55

Овој град повеќе го нема: Се е изгорено до темел, 63 лица се мртви: Калифорнија се бори со ужасни последици

 Бројот на потврдени жртви во пожарите во Калифорнија се искачи на 63 лица, додека 630 се сметаат за исчезнати, изјави окружниот шериф Бат Кори Хони.

Најтешко е погоден градот Парадајз, во кој живееја 27 илјади жители. Таму пожарот уништи 9.000 домови, а од негогашниот град сега се останати само купишта пепел.

Од подрачјето погодено од најсмртоносните пожари во историјата на Калифорнија евакуирани се околу 50 илјади лица.