Македонија
20. January 2018 - 19:53

Овој е последниот се до април: Еве кога доаѓа следниот продолжен викенд

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, вчерашниот ден, 19-ти јануари 2018 година (петок), Богојавление (Водици), е неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија.

Многумина го искористија вчерашниот празник за да отпатуваат некаде и да одморат или да се прошетаат за продолжениот викенд, а за следната ваква шанса ќе треба да се почека се до април.

Во овој месец се велигденските празници, Велигден ќе биде на 8-ми април, а неработен ќе биде понеделникот на 9-ти април. Заедно со неработниот Велики петок на 6-ти април, ќе се отвори можност за подолг одмор, односно од петок до понеделник.

Спојување на празниците ќе има и во мај, кога 24-ти мај четврток нема да се работи за празникот на светителите Кирил и Методиj, а во петок на 25-ти мај, нема да се работи за Духовден, што е уште еден продолжен викенд.