Живот
21. јуни 2018 - 15:12

Овој човек знае како да се заработат милиони на рулет: Благодарејќи на свој систем опустоши многу казина низ Европа

Балвиндер Самби на кому му е забранет влез во неколку казина откако освоил десетици илјади евра, го откри системот како да „победите“ рулет.

Вечниот победник во казината одлучи да го открие системот на кој игра уште од 2006 година.

Тој секогаш игра на осум бројки - 8,9,11, и 12 кои претставуваат една група и на 26, 27, 29 и 30 кои преставуваат друга група.

На аглите од овие броеви става по еден чип.

Пред да ги постави влоговите Сами чека ови броеви 12 пати по ред да изгубат. Потоа ги става влоговите и чека топчето да падне на некои од тие броеви. Кога ќе добие, повторно чека броевите 12 пати по ред да изгубат.

Постојат денови кога Балвиндер излегува како губитник, но тоа е, всушност, само негова тактика, пишува birminghammail.co.uk.

Никогаш не сум изгубил со својот ситем и на казината тоа не им се допаѓа. Тие не сакаат победници во своите простории, само губитници. се случува намерно да губам за да не приметат дека сум чест победник. Стручните лица велат дека победа на рулетот е само среќа. Но развив систем кој е заснован на едноставна математика која ми помага да победам секој пат кога играм, вели Балвиндер Самби.

Самби секогаш победува, освен кога намерно губи, а до сега никој не успеал да ја „победи“ оваа машина.

- Некои денови освојувам малку, а некои многу. Мојата најголема дневна заработка  била нешто повеќе од 4.000 фунти , односно околу 4.500 евра, напоменал Самби.