Од неговата плазма се произведува анти-Д имуноглобулин кој им се дава на Rh-негативните мајки по раѓањето на Rh-позитивно дете со што се спречува развој на Rh антитела.
Мајките и децата понекогаш немаат компатибилни обележја на крвата, како што е случај кога децата се Rh-позитивни, а мајката Rh-негативна.
По раѓањето на Rh-позитивно дете, Rh-негативната мајка добива инекција со анти -Д имуноглобулин за да се спречи создавањето на антитела кои би ги нападнале црвените крвни зрнца на Rh-позитивните деца во идните бремености.
Донациите на Харисон им помогнаа на австралиските мајки, на повеќе од 2 милиони, на свет да ги донесат своите бебења, соопшти Црвениот крст.
Харисон инспирацијата за добороволно дарување на крв ја добил кога имал само 15 години кога требало по 13 литри крв во текот на една голема операција.
Тоа го навело да почен да дава крв штом наполнил 18 години, во 1954 година, многу пред научниците да ја откријата ретката комбинација на Rh-негативна крв и анти-Д антитела во неговата крв.