Овој човек има 179 години - „Можеби анѓелот на смртта заборавил на мене“
Махашта Мураси, кој живее во Варанасија, на северот од Индија, успеа да го привлече интересот на светските медиуми благодарение на неговото неверојатно тврдење!
Имено, овој Индиец ќе влезе во Гинесовата книга на рекорди доколку успее да се докаже дека има 179 години! Да добро прочитавте!
Мураси наводно е роден во местото Бангалоре на 6 јануари 1835 година, а се шпекулира дека постојат документи кои тоа можат да го потврдат.
Старецот цел свој живот работел како питач, поточно до 1957, кога во 122 година конечно заминал во пензија!
„Можеби анѓелот на смртта заборавил на мене“, изјавил на шега Мураси. Тој додаде дека живее толку долго што просведочил на смртта на неговите внуци.
Овој повеќе од временски старец нема сериозни медицински проблеми, а да целата приказна биде побизарна, неговиот последен лекар умрел во 1971 година.
Ако се испостави дека годините на Мураси се вистинити, научниците би можеле преку неговиот пример да ја откријат долговечноста.
Ново на Сител
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори