Живот
1. February 2018 - 22:39

Овие три хороскопски знаци во февруари ги чека вистински љубовен пекол

Скршеното срце е една од оние работи во животот низ кои треба да поминеме за да го започнаеме чувството на губиток и да научиме да го цениме она што го имаме, Во февруари, некои зодијачки знаци ќе се најдат пред љубовни искушенија. 
 
Лав
 
На љубовен план ве очекува облак на депресија. Како и да не ве очекува кога се наоѓа оптеретувачкиот Сатурн? Совет: доколку врската ви е во криза, едноставно уживајте и дозволете му на времето да ги доведе работите во ред. Доколку сте во брак, внимавајте на вашиот/вашата партнер/ка и обрнете повеќе внимание на важните датуми – годишнина, роденден. Малите гестови се важни за одржување на љубовта и вниманието.
 
Риби
 
Поради три планети во позиција во вашето поле на љубовта, не можете да се надевате на поволна клима на овој план. Ситуацијата ќе биде подобра во втората половина на месецот, кога Венера ќе влезе во 12-та куќа, со што ќе ви се отвори можноста за тајна врска или афера. Ако сте осамени, обрнете внимание на значително постари или помлади од вас или пак некој Јарец.
 
Овен
 
Ќе потрошите доста енергија барајќи партнер за склопување договори. Со Сонцето во Стрелец, вашите љубовни односи ќе имаат авантуристички дух, а некои ќе се обидат да пронајдат нешто „од страна“, за да си го исполнат времето. Поради Венера во Јарец, на љубовен план нема да оди се` како подмачкано. Обидете се да не ги уништите постоечките односи и да се подготвите за подобри денови, со првите денови на пролетта.