Овие три хороскопски знаци се најлоши мажи | Сител Телевизија
Живот
18. March 2018 - 18:19

Овие три хороскопски знаци се најлоши мажи

Дознајте зошто овие три знаци, според хороскопот се лоши за брак.

Ракот, Шкорпијата и Стрелецот се многу добри и пријатни личности, но за се освен з амирен брачен живот.

РАК

Мажот Рак не е личност со која животот е лесен, и покрај општиот впечаток дека лицата родени во овој знак се многу пријатни. Овој тип мажи може да се подели во две групи: маќи кои ја сакаат куќата, но се напорни и критичари и мажи кои се пасивни, мрзеливи и незаинтересирани.

Мажот Рак поминува многу повеќе време во куќата од останатите и има длабоки традиционални чувства за домот и семејството.

Иако ги сака жената и децата, тој никогаш до крај не е задоволен, секогаш може да најде нешто за што ќе критикува. Овие луѓе се многу сензуални, бараат постојана еротска стимулација, верни се, но и плашливи, па затоа избегнуваат опасност.

ШКОРПИЈА

Брачна хармонија и успешен заеднички живот најтешко ќе остварите со Шкорпија.

Тоа е можно само под услов ако неговата сопруга биде во негова сенка и го следи секаде.

Не поднесува доминатни жени во било кој поглед. Тој е типична старомодна душа, во куќата е тиранин, како и во останатите видови комуникација. Неговите љубовни реакции се силни и екстремни, па некогаш се склони и на насилство.

Овој знак е многу успешен во работата и способен е да се издржува сам.

Тој е многу љубоморен и посесивен маж. Без оглед на тоа колку внимание и љубов му е пружено тој секогаш ќе има причина за сомнеж и ќе верува дека жената, децата и бизнис пријателите работат против него. Неговите чувства кон сопругата и децаѕа се навистина племенити, но никогаш нема да научи како да ги изрази на вистинскиот начин. н

СТРЕЛЕЦ

На овој тип на мажи, потребна им е мудра и тактична жена. Стрелецот и не е баш роден за брак. По природа е хуман и на некој начин ќе учествува во работата на разни друштвени организации. Стрелците се мегаломани, па често сопствениот живот им изгледа мал и неинтересен.

Тој е силен во бракот. Неговата жена мора да има широка свест, ослободена од љубомора. Таа треба да биде вистински уметник за да може да го следи во се и да ги задоволува неговите интереси.

Со овие мажи не е тешко да се живее, но поради нивниот недостаток на чувства и големо нетрпение, сопругата на овој тип мажи ќе мора да ги прошири своите хоризонти, за со него да биде на иста бранова должина.

Тие се весели и интересни момци, кои љубовта ја доживуваат како среќна околност.