Живот
12. September 2017 - 13:43

Овие три хороскопски знаци ги очекува огромна љубов во септември

Кога станува збор за љубовта, на овие три хороскопски знаци ќе им се насмевне среќата и ќе имаат можност да уживаат покрај саканата личност или пак, да наидат на некого што целосно ќе им го промени животот. Сè ова ќе се случува во септември 2017 година.

Прочитајте во продолжение за кои знаци станува збор.

2. Лав

Венера ќе им донесе многу среќа и љубов на Лавовите во текот на септември, особено до 21-ри додека таа е во нивниот знак. Иако последниве неколку месеци не ви одело баш добро на емотивен план, ситуацијата сега целосно ќе се смени. Најинтересното од сè – една случајна средба може целосно да ви го смени животот. Доколку сте во љубовна дилема, не грижете се, до крајот на месецот нештата ќе ви бидат многу појасни. Оние што веќе се во врска можат целосно да се опуштат бидејќи ништо не може да им го наруши мирот.

3. Скорпија

Доколку сте слободни и се надевате на љубов во вашиот живот, конечно можете да се смирите бидејќи ќе имате со кого да ја дочекате зимата. До 10-ти септември ќе имате неколку шанси да започнете врска со огнен или воден знак, а ако веќе имате некој покрај себе, сега е вистинското време да разговарате за сериозни планови и да ја испланирате вашата врска со саканата личност. Ѕвездите исто така ве предупредуваат да не ги игнорирате повиците од минатото доколку патите и ако се надевате на смирување со бивш партнер, сега е шансата да ја обновите врската.

1. Овен

Ќе доживеете нови и прекрасни возбудувања на полето на љубовта. Во текот на целиот септември ќе имате толку многу љубовни шанси, што нема да знаете на која страна да се завртите. Но тоа што е сигурно, е дека нема да го дочекате крајот на годинава сами. Доколку ви се допаѓа некој од огнените знаци, сега е вистинското време да преземете иницијатива или суптилно да ги покажете своите чувства. Ако пак, се надевате на смирување со личност од минатото, тоа ќе биде можно на крајот од месецот.