Живот
9. October 2017 - 11:38

Овие пет работи не треба да ги користите долго - еве зошто

Овие пет работи не треба да ги користите долго а еве и зошто.
 
Перници
 
Дали спиете на истата перница веќе три години? Време е да и кажете збогум,тие се оаза за бактерии и секоја вечер ја поминувате со нив.
 
Пешкир
 
Исти случај е и со вашиот пешкир, кој обично влажен виси на толо во купатилото, и е прекриен со остатоци од вашата кожа.Совршено место за развивање на бактерии. Треба да се менува секоја недела а може и почесто.
 
Сунѓер
 
Сунѓерите исто така треба да се менуваат што е можно почесто,а по можност и да не ги користите воопшто. Само неколку минути по употреба на сунѓерот, бактериите почнуваат да се размножуваат. За неколку дена има повеќе бактерии од вашата ВЕ- ЦЕ школка.
 
Градник
 
Градниците иако се брендирани, не тренба да ги користите подолго од една година. Стануваат премногу лабави и не ги држат градите како што треба.
 
Седиште за во автомобил
 
Ако имате деца и го користите седиштето за во автомобил повеќе од 6 години, би било добро да размислите да го смените. После шест години, пената и пластиката се криват а резултат на тоа е дека нема да го заштитат вашето дете, како што наведува производителот, во првичната состојба на седиштето.