Македонија
13. December 2016 - 11:42

Овие македонски пејачи ќе му помогнат на Марко Чаласан

Марко Чаласан, 16-годишното чудо од дете, се соочи со најтешките животни моменти. Неговата мајка почина по битката со ракот, а тој сега живее сам, со оглед на тоа дека таа беше самохран родител.
 
За вештините и подвизите на Марко сторија направи дури и CNN, а за него знае целиот свет. На македонската гордост која доживува тешка судбина, помош му ветија повеќе естрадни личности.
 
Меѓу нив се најде Панчо од ДНК и Елена Ристеска.