Свет
12. January 2019 - 21:03

Овие луѓе ја грабнаа жената на норвешкиот милионер: Во очаен обид полицијата ја објави снимката од осомничените за киднапирањето

Норвешката полиција во склопт на истрагата за киднапирањето на Ел-Елисабет Фалкевик Хаген, сопругата на норвешкиот милионер, објави видеоснимки од надзорните камери на кои се гледаат неидентификувани лица.

На снимките се гледаат тројца како минуваат покрај канцеларијата на милионерот, која се наоѓа во близина на неговата куќа, на денот кога исчезна неговата сопруга.

Полицискиот истражител Томи Броске моли во полиција да се јави мажот кој се гледа на видеоснимката како поминува покрај канцеларијата, а потоа многу брзо се враќа назад. Исто така ги молат да се јави велосипедистот и другио пешак кои исто така се гледаат на снимките од надзорните камери.

„Полициајта прими повеќе од 100 дојави. Некои од нив ни се значајни, но се уште не сме ги пронашле осомничените“, рече Томи Броске.

Хаген (68) е грабната на 31. октомври минатата година. Истрага е веднаш покрената, но полицијата до сега ја спроведуваше во тајност „поради многу сериозни закани“.

Според информациите од норвешките медиуми, во куќата на двојката е пронајдена порака на која пишува дека таа ќе биде убиена доколку не плати откуп или пак ако се вмеша полицијата.

Киднаперите бараат 9 милиони евра за нејзиното ослободување, објави норвешката национална РТВ НРК и додаде дека тој износ го бара во криптовалутата монеро, вид на дигитални пари слични на биткоинот.

Богатството на сопругот Том Хаген се проценува на 174 милиони евра. Го стекнал со бизнис со недвижности и енергетика.