Живот
26. December 2017 - 9:09

Овде температурата паѓа до -70 степени: Во најстуденото село на светот луѓето живеат најдолго, еве зошто

Селото Ојмјакон на далечниот исток од Русија е најстудената точка на планетата. Просечната температура во јануари таму изнесува -50 степени, а најниската која некогаш е забележани била дури - 71,2 степени.

Во Ојмјакон, чие име иронично значи „одмрзнување вода“, живеат 500 жители, а крајот е познат и по долговечноста на жителите. Се хранат со риба и месо од ирваси, а во една продавница ги купуваат сите продукти.

Жителите главно јадат месо зошто земјоделски посеви речиси е невозможно да се има во тие услови, посебно што земјата најчесто е замрзната.

И покрај тоа, нема ненахранети. Лекарите тоа го објаснуваат со фактот дека внесуваат многу полномасно кравјо млеко.

На мразот под -60 степени за неколку секунди може да ви замрзне лицето ако не е заштитено со ништо. Живата во термометарот замрзнува, а кога се истура врела вода во шоља и се фрла во воздух станува снежен облак.

На таквото студенилот многу е тешко да се запали автомобилот, а кога ќе се загрее првите неколку километри мора да оди само право, зошто ако заврти ќе му отпадне тркалото.

Во текот на летните месеци просечната дневна температура е 15 степени иако еднаш се случи да биде измерена и рекорно висока температура од 35 степени и тоа во 2010 година.

Зимскитие денови често се мрачни со само 3 часа светлина, но во летните месеци селото има и до 21 сончев час.