-->
-->
Оваа жена извршила совршено убиство: Нејзината мрачна тајна ја откриле три дена по нејзината смрт!
-->
Според полицијата, се претпоставува дека Ли Ен Сабин (74) го убила својот сопруг, го завиткала во најлонска фолија, и го закопала во градината, а тајната ја криела 18 години се до својата смрт.
Скелетот кој бил пронајден во село во јужен Велс, е идентификуван како Џон Сабин, мажот на Ли Ен. Неговото тело е пронајдено во ноември, три дена откако Ли Ен починала од рак.
Таа живеела во семејната куќа и после смртта на нејзиниот сопруг во 1997 година. Ли Ен никогаш не го пријавила својот сопруг како исчезнат, а ниту пак некој од соседите иако не го видели цели 18 години.
После обдукцијата е утврдено дека Џон претрпел сериозни повреди.
- Не го познавав нејзиниот сопруг. Знаев дека бил пожарникар и мислев дека починал одамна. Неколку години со неа живееше друг маж, па си замина. Еднаш ја прашав дали би се вратила во Нов Зеланд од каде што дојдоа. Таа ми рече: „Не никогаш не би можела да си отидам од овде“ - изјавиле нејзините соседи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023