Живот
16. May 2017 - 13:39

Оваа жена го терала мажот да имаат секс секој ден една година - еве што научила од тоа

Британката која била во брак со својот сопруг долго време и со кој имала 3 деца, била незадволна со својот физички изглед. По раѓањето на третото дете, конечно се осмелила да се погледне во огледало. Тоа што го видела не и се допаднало.

Затоа донела одлука да води љубов со сопругот 365 дена во годината, без пауза.

Најпрво и требало долг период за да го прифати своето голо тело и самата на себеси си изгледала како да е покриена со дебел јорган.

По некое време престанала да се крие и да не го исклучува светлото додека водела љубов со сопругот. Не го криела своето тело зад широката гардероба и одлучила да се тушираат заедно.

На почетокот на сексот гледала како должност, но со текот на времето започнала да ужива во него.

По 365 дена секојдневно водење љубов оваа жена сфатила дека таа е посреќна од било кога.

Го прифатила своето тело и поради односот кој го стекнала со својот партнер им препорачува на сите парови да го пробаат овој начин на функционирање.