Живот
30. May 2018 - 10:51

Оваа жена ги згрози капачите: Повеќе никогаш нема да влезат во базен

На интернет почна да кружи видео снимка на која се глед жена како седи на работ на хотелски базен и ги бричи своите нозе без воопшто да се обѕрне на децата и луѓето кои пливаат околу неа.

Работата да биде уште полоша, додека ги бричела нозето, бричот го миела во водата од базенот.

Видео снимката која ја постави корисник на мрежата Редит, е снимена на Флорида и до сега ја видоа над 50.000 луѓе.

Еден корисник на социјалните мрежи напиша: „Ова е одвратно. Замислете да голтнете малку вода...што често се случува додека пливата... со влакна во неа“.

„Порано работев на јавни базени и од некоја причина, базените го извлекуваат најлошото од луѓето. После тоа искуство, сигурен сум дека никогаш повеќе нема да се бањаат во базен“, коментираше еден згрозен човек.