Свет
5. September 2017 - 18:50

Оваа земја бара работници - плата и до 12.000 евра

Пари во оваа земја заработува секој кој работи, а овде се заработува повеќе од каде било во светот.

Швајцарија објави водич за платите од кој може да се види колкава е заработката во поедини професии во оваа земја.

Порталот Swissinfo.ch објави колку вопросек се заработува со некои професии, со напомена дека платите се високи, но и дека се високи и трошоците за живот.

Фризер - 2.426 евра

Цвеќар - 3.800 евра

Графички дизајнер - 3.545 евра

Столар - 3.761 евра

Работник во пошта - 3.761 евра

Пекар - 3.800 евра

Автомеханичар - 4.152 евра

Кондуктер во воз - 4.253 евра

Софтвер девелопер - 4.299 евра

Возач на авотбус - 4.533 евра

Новинар - 5.179 евра

Социјален работник - 5.828 евра

Учител - 7.000 евра

Офицер во војска - 7.600 евра

Јавен обвинител - 9.704 евра

Главен доктор во болница во Цирих - 12.824 евра

Во Швајцарија се практикува и исплата на транаесета плата. Платите се договараат по бруто износ, а нето износот обично е за 13 до 20 проценти помал.