Живот
8. December 2017 - 15:58

Оваа вдовица спие со над 100 оженети мажи - тврди дека има мисија

Гвенет Ли од Лондон има 47 години и некогаш  работела како финансиски консултант, но откако останала вдовица, одлучила да ја промени професијата. Таа спие со оженети мажи и тврди дека тоа го прави за да ги спаси брачните парови од развод.
 
Имено, пред десетина година нејзиниот маж починал од рак и од тогаш се се променило. Таа одлучила да врши многу необична мисија. 
 
- Многу луѓе ме проколнуваат и ме навредуваат но мислам дека ја работам вистинската работа зошто така ги одржувам браковите во живот. Толку бракови во криза, поготово кај средовечните парови со деца. Кога сте 15 години во брак, а тука се и децата и секојдневните стресови, тешко е да се оддржи страста. Кај жената желбата за сексот за време на тие случување исчезнува, а на мажите и понатаму им фали. Тие не сакаат развод, но не сакаат ни да живееат без секс и на сцената настапувам јас, отворено зборува Гвинет, додавајќи дека повеќето жени знаат дека мажите се гледааат со неа,  „ но се прават  дека не знаат, бидејќи гледаат дека бракот им цвета“. 
 
Таа на тие мажи им пружа се , секс и излегувања, а сето тоа без опасност дека ќе се појави на куќниот праг и да се заканува дека ќе ги издаде кај жените. 
 
- Јас сакам само забава и секс, како и тие мажи. Воглавно кога спиете со некој друг, го освежувате бракот. Тоа важи и за мажите и за жените, вели Гвинет, додавајќи дека некои врски и траат со години. 
 
Таа своите клиенти ги наоѓа преку специјализиран сајт кој спојува успешени деловни луѓе со слични жени. Така Гвинет патува низ светот за да дојде до интересен клиент. 
 
А нејзиниот приватен љубовен животот, е нејзина работа. Ако на неа и се допаѓа некој маж, подготвена е да се откаже од сите клиенти, но додава дека воглавно истовремено одржува и врска и работа.