Оваа убава манекенка преживеа ѕверско претепување: Го молела момчето да ги скрати нејзините маки
Српската манекенка Тања Ѓукиќ, која изминативе неколку години работела како модел во Турција, била ѕверски претепана од своето момче, турски државјанин, со кое била 2 години во врска, во нивниот заеднички стан во Истанбул.
-Бевме две години во врска и живеевме заедно во Истанбул. Редовно доаѓавме во Србија, го посетувавме моето семејство, па дури славевме Божиќ и Велигден со нив. Тие го обожаваа, во Србија беше прекрасен, но тоа се очигледно беше маска на опасен психопат. Проблем беше неговата љубомора. Насилство имаше уште во првиот месец од нашата врска, но поминував покрај тоа бидејќи не беше сериозно како сега, а тој секогаш се извинуваше, плачеше, ветуваше дека нема никогаш повеќе. Не можам да кажам, имаше прекрасни моменти, но сега сфаќам дека сум била жртва и дека цело време го правеше тоа што тој го сакаше, а не она што јас сакав, рекла манекенката.
Во интервју за српските медиуми ја раскажала и кобната ноќ.
-Во неделата имав сликање, тој дојде по мене и почна да ме напаѓа дека сум флертувала со фотографот. Се обидев да го смирам и да му објаснам дека не е така, дека сето тоа е во неговата глава и дека мора да се исконтролира, но за жал, не успеав. Дојдовме до станот каде ми ја искина цела облека на мене, ми го зема телефонот, ја заклучи вратата и ги спушти сите метални заштити на прозорите за да не повикувам помош. Потоа почна да ме тепа со што стигна, со нозе, раце, боксови, рекла манекенката.
-Ме тераше да признаам што сум правела на сликање, но јас немав што да признаам. Насилството започна во околу 19 часот, а јас останав без свест во околу 2 часот по полноќ, а тогаш конечно ме заклучи во соба и ме остави на мира, открива Тања.
Таа раскажала дека тие неколку часа додека била во собата, крв ѝ течела од уво, уста, па го молела да ја убие или да престане.
-Потоа ме одвлече во купатило, ме полеваше со ладна вода, а потоа повторно ме тепаше уште побрутално. Се онесвестив во еден момент, па потоа ја зема тастатурата од компјутерот и со неа ме удри со сета сила по глава. Кога вреснав рече: „Гледаш дека сепак си жива“. Тогаш зема нож и почна да зборува дека ќе ме убие и дека никој нема да ме најде, но пред тоа уште ќе ме мачи. Ме удираше со што стигна, додека во два часот по полноќ не изгубив целосно свест. Тогаш сфати веројатно дека уште еден удар може да биде кобен, па ме заклучи и остави, раскажала Тања.
Меѓутоа, утрината продолжило мачењето.
-Ме разбуди со нож и ми рече дека продолжува затоа што сум одморила. Плачев и го молев, му велев дека го сакам дека ќе му простам се само да престане. Ме праша дали ќе го пријавам, реков не, како ни никогаш претходно. Го молев и му велев дека почнал нов ден, да заборавиме се и да излеземе надвор. Ставив очила за сонце, ги прекрив модриците и подливите, само за да го убедам дека поминав покрај се и да продолжиме нормален живот. Штом ја отклучи вратата избегав во првото кафуле каде повикав полиција, додала манекенката.
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски