Живот
1. јуни 2018 - 13:37

Оваа наставничка ќе лежи во затвор, имала секс со 14-годишен ученик: Тој откри што му правела

Поранешна наставничка од основно училиште во Охајо, САД е прогласена за виновна по обвинение за секс со 14-годишен ученик и осудена е на една година затвор и пет години условна затворска казна.

Судијата Тимоти О’Конел ја осуди Џесика Лангфорд (32) по сите шест точки од обвинението против неа. Таа пред судот рече дека нема ден да не зажали што не постапила поинаку.

- Знам дека целосно сум одговорна за тоа што се случи, рече таа пред судот.

„Ѝ била доверена грижа за децата, а таа го отфрлила сето тоа за лична сексуална сатисфакција“, рече таткото на жртвата кој бараше максимална казна од 15 години затвор.

„Се чувствува посрамено и осамено. Постојано го малтретираат на училиште и се чувствува беспомошен и сам“, рече тој.

Момчето кое сега има 15 години, пред судот раскажа како се случило сѐ. На последниот училишен ден во мај, 2017 година тој бил сам со Лангфорд во заклучена училница во училиштето Мајамисбург.

„Почнавме да се бакнуваме, таа почна со бакнеж и потоа сѐ ескалираше“, рече тинејџерот пред поротата.

Момчето рече дека тој и наставничката имале најразлични сексуални контакти, вклучувајќи сексуален однос и орален секс, 20 до 30 минути додека директорот на училиштето не затропал на заклучената врата од училницата.

Лангфорд наводно му рекла на малолетното момче да се скрие под клупа додека таа отишла да разговара со директорот. Подоцна се вратила и му рекла на момчето „да се држи до приказната“ дека ги местел клупите во училницата.

„Ми беше непријатно… сметав дека тоа е погрешно“, рече тинејџерот.

На претходните сведочења момчето откри дека се споил со наставничката, која е омажена и има едно дете, преку социјалната мрежа Snapchat.

Кога го прашала зошто ја побарал преку апликацијата, тој ѝ рекол дека сака секс.

Тој објасни дека на почетокот лажел дека немал односи со наставничката од страв дека девојката ќе му раскине поради неверство.