Џет-Сет
19. November 2015 - 12:05

Оваа модринка не е од обичен удар - Еве како Плејбој зајачицата ја заработила модринката!

Плејбој зајачицата Елизабет Диксон му послужи на еден голфер како држач за неговото топче. Всушност, држач за топчето претставуваше токму нејзиниот задник!

 

 

Оваа крајно бизарна идеја сепак не завршила добро. Всушност, видео записот на којшто се гледа како голферот ја удира топката се појави уште во 2012-та година, но после цели три години, зајачицата успеала да ја наплати казната во вредност од половина милион долари.

Таа го тужела голферот бидејќи не ја погодил топката, туку го погодил нејзиниот задник.

Таа во тужбата напишала дека после ударот патела од анксиозност, иако, како што наведуваат странските медиуми, добро се пошегувала после прочуениот удар.

Освен непосакуваната модринка, таа се пожалила и на оштетувања на нервите и лигаментите. Според жалбата, моделот била поканета на Плејбој Голф Финалето одржано на 30-ти март во 2012-та година, во Беверли Хилс. А потоа од неа било побарано да послужи како држач за топче.