Технологија
23. February 2016 - 16:41

Оваа грешка со мобилните телефони ја правиме сите: Изгледа банално, а сепак може да не убие!

Според анкетата спроведена од страна на „Pew Internet Project“, дури 44% од луѓето не се одвојуваат од мобилниот телефон ниту кога одат на спиење. Но, оваа навика може да ве доведе до голема опасност.
 
Полициските службеници во Њујорк предупредуваат дека оваа навика за оставање на мобилниот телефон под перница веднаш треба да се промени, а фотографиите кои се објавени на Твитер дефинитно ќе ве убедат во тоа.
 
На фотографиите се гледаат изгорени перници и душеци по експлозија на мобилни телефони, а во Англија од таква експлозија настрадала и една девојка.
Не смеат да бидат покриени
 
Полицијата вели дека мобилните телефони во текот на ноќта не смеат да бидат ставени на полнач или под перница.
 
Многу од нас не ги читаат прирачниците кои ги добиваме со уредот, но во сите пишува дека мобилниот уред не смее да биде покриен со нешто што ја попречува светлината, бидејќи тоа влијае на работењето на телефонот и претставува ризик од пожар или експлозија.