-->
-->
ОН оваа година и доделија 7,45 милиони долари помош на Србија
-->
ОН од јуни до декември оваа година и доделија 7,45 милиони долари помош на Србија за решавање на бегалската криза, а денеска е најавено дека за следната година агенциите на светската организација предлагаат да се издвојат уште 45 милиони долари за земјата.
- Со Регионалниот план на одговори е предвидено издвојување на помош за Грција, Македонија, Србија, Хрватска, Унгарија, Словенија и Турција за потребите на мигрантите и бегалците во 2016 година, изјави Ханс Шодер, шеф на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) во Србија.
Планот ќе почне да се спроведува во текот на овој месец во Женева под покровителство на УНХЦР и Меѓународната организација за миграција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација