Живот
12. April 2018 - 17:36

Оваа фотографија крие застрашувачка приказна: Нема да прочитате ништо поморбидно од ова!

Најморбидна пракса во историјата на фотографијата е „трендот“ од викторијанска Европа.

Станува збор за фотографирање мртви, но сликата имала за цел да ги претстави како живи, во секојдневните животни активности. Таквата услуга била многу скапа, а требало да претставува начин семејстовто да го зачува споменот на своите најмили дури и по нивната смрт.

Кога некој ќе починел, останувал во домот до погребот и кој сакал можел да го види мртовецот. Цвеќе се положувало врз телото, не само поради визуелнито ефект, туку и да се прикрие мирисот на скапувањето. Исто така сите огледала во куќата се покривале со црна ткаенина, часовниците се запирале точно во времето на смртта, а вдовиците морале да носат црнина најмалку 4 години по смртта на сопругот.

Jezive fotografije

Сепак, од сите обичаи во Викторијанската пракса фотографирањето на починатите во поза од секојдневието кое го воделе додека биле живи секако е најморбидна.

Се вложувал голем труд за да изгледаат живо на фотографиите, а за да биде тоа успешно, фотографот обично ги сликал за да изгледаат дако да спијат.

Фотографирањето „пост мортем“ било своевиден луксуз достапен само за богатите се до 1850 година, кога се појавиле и нешто попристапни фотографии. До 1860 година повеќето практикувало да има вакви фотографии со најблиските кои го напуштиле овој свет.

Многумина се одрекувале од добар дел од имото, за да имаат ваков спомен, а поради чувствителноста на работата, фотографите секогаш добро наплатувале. Покрај услугите на снимање, тие морале да ја осмислат и темата.

Jezive fotografije

Уште поморбидна нота во целата практика дава фактот што главните „актери“ на овие фотографии најчесто биле бебиња и мали деца зошто стапката на смртност кај најмладите во тоа време била огромна.

Семејството неретко сакало децата на сликите да прават нешто што сакале (како играње со кукли), еили едноставно да спијат или да се сликаат сите фамилијано со покојното дете.

Позицијата на телото на фотографиите многу вешто и лукаво се осмислувала, така што покојниците изгледаат како да се и натаму живи и се занимаваат со вообичаени активности, ако на повеќето очите им се затворени. Токму поради тоа, најчесто решение било да се направи таква композиција на која изгледа починото лице како да спие. Понекогаш семејството би го држело покојникот, или тој би се потпирал врз нивните тела, а некогаш и го врзувале со појаси...

Jezive fotografije

Од денешна перспектива оваа пракса е ужасно морбидна, но во времето кога децата умирале во раното детство, за родителите ова било многу утешно - сакале да го одржат сеќавањето на својот потомок.