Балкан
14. јуни 2018 - 22:08

Оваа Босанка има сензационално признание: Вели дека забременила по посетата на Босанските пирамиди

Едиса, по потекло од Сараево и нејзиниот сопруг Мишел година дена се обидувале да станат родителите, но не успеавале во тоа. Потоа прошетале низ тунелите на босанските пирамиди.

Едиса вели дека слушнала за тунелите во Високо и нивното поволно влијание врз човечкиот организам, па таа и нејзиниот сопруг Италијанец одлучител да одат и да ги посетат тунелите пред обидот за инвитро оплодување што им го предлагале докторите.

„Дојдовме овде минатата година, ги посетивме тунелите и јас следниот месец останав бремена“, вели Едиса која додава дека по посетувањето на чудотворните пирамиди во Високо и исчезнала болката во грбот и тоа моментално.

Археолошкиот парк „Босанска пирамида на Сонцето“, го објави видеото со приказната на Едиса со оградување дека не даваат „никави здравствени гаранции“ и дека не се занимаваат со лекување.

Тоа не ги спречува луѓето да веруваат дека местото има исцелителна моќ иако за тоа не постојат никакви докази.