Живот
6. February 2018 - 11:22

Оваа боја на долна облека најчесто ја избегнуваме а всушност е најдобра

Изборот на долна облека често знае да биде дилема за жените, и многу често на крајот се одлучуваат за црна боја, но не мора секогаш да биде така.

Една од најчестите грешки на жените е што често се одлучуваат да облечат бел градник под бела маица.Всушност ќе го добиете спротивниот ефект.

Друга маана на белиот градник е што со текот на неколку перења станува сивкаст и не изгледа убаво.

Решението е во бојата која жените најчесто ја избегнуваат и ја нарекуваат „бабска“. Во прашање е беж бојата, за која повеќето жени сметаат дека не е секси и дека изгледа досадно, меѓутоа оваа боја изгледа секси доколку го изберете вистинскиот модел.

Долната облека под бела комбинација воопшто не се гледа, како и под некоја друга потемна нијанса.