Македонија
19. October 2018 - 14:33

Оваа автобуска линија ќе сообраќа по скратена траса

Од понеделник (22.10.2018 година), линија 28 ќе сообраќа по изменета, односно скратена траса од досегашната.

Наместо Транспортен центар, почетната станица на автобусите на посочената линија ќе биде почетната станица на линија 4А (улица „Лондонска“), а крајна станица и понатаму ќе биде Горно Нерези (Македонско село). На линијата ќе сообраќа минибус.

Причина за кратење на трасата, е затворањето на комплексот „Македонско село“ (затоа се менува почетната станица), а истовремено и натаму ќе се опслужуваат жителите на Горно и Средно Нерези.

Траса на линијата:

Терминал 4А-улица „Лондонска“, улица „М.Т.Гологанов“, улица „В.В.Чакаларов“, терминал 57 (Козле), терминал Горно Нерези (Македонско село) и обратно.

ЗИМСКИ ВОЗЕН РЕД:

Работни денови:

Тафталиџе 2: 6.30 ч, 7.30 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 15 ч, 16 ч, 17 ч, 18 ч, 19 ч.

Македонско село: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 14.30 ч, 15.30 ч, 16.30 ч, 17.30 ч, 18.30 ч, 20 ч.

Сабота-недела:

Тафталиџе 2: 6.30 ч, 7.30 ч, 12 ч, 13 ч, 14 ч, 15 ч.

Македонско село: 6 ч, 7 ч, 8 ч, 12.30 ч, 13.30 ч, 14.30 ч, 15.30 ч.