Свет
15. November 2015 - 17:31

Ова зло треба да се уништи во корен: Рамзан Кадиров ги повика сите муслимани во борба против ИСИС!

Ова зло треба да се уништи во корен. Инаку војската на терористите, налик на миграцијата на птиците, ќе ги покрие сите земји и градови, изјави претседателот на Чеченија.

Претседателот на Чеченија Рамзан Кадиров во врска со терористичките напади во Париз ги повика лидерите на муслиманските земји да ги обединат силите во борбата портив терористичката организација ИСИС.

“Уште еднаш ги повикува лидерите на арапските и муслимански земји да се обединат во борбата против “Иблиската држава” (како што Кадиров ја нарекува ИД). Друг излез од оваа ситуација нема” – напишал Кадиров на Инстаграм, пренесува “Комерсант”

“Денес никој не се сомнева дека позади случувањата во Париз стои Иблиската држава. Тоа е терористичка меѓународна организација, која го загрозува целиот свет и човештвото. Во редовите на ИСИС се обучени десетици илијади луѓе од целиот свет. Ова зло треба да се уништи во корен. Инаку војската на терористите како поплава ќе ги преплави сите земји и градови” – пишува претседателот на Чеченија.