Живот
3. јуни 2016 - 10:27

Ова сигурно не го знаете: Еве како секојдневно ја уништувате вашата вагина

Можеби понекоаш брзате, но колку и да ви се брза, по туширање секогаш би требало темелно да се избршете и да не се облекувате додека не се потпослно суви таму доле.

Не треба ништо да се објаснува, овие 6 работи се едно дефинитивно НЕ и веднаш морате да престанете да:

1. Носите долен веш додека спиете

Долниот веш посебно ако не е од природни материјали, тоа ќе биде идеално опкружување за бактерии, тоа значи дека кога ќе имате прилика треба да спиете без долен веш.

2. Се бањате со агресивен сапун

Вашата вагина е чуствителен орган, лошите сапуни и останатите сретства можат да влијаат на вас да добиете бројни инфекции. Избегавајте ги сите производи кои не се наменети за интимна нега.

3. Не се бришете темелно по туширање

Можеби понекогаш се брзате, но по туширање секогаш морате темелно да се избришете се додека не сте потполно суви таму доле. Имено вишокот влага допринесува развивање на бактерии и го отвара патот на разни инфекции, облекувањето по туширање пожелно е да го извршите во последниот момент.

4. Сами решавате здравствени проблеми

Истражувањата покажуваат дека на многу млади жени им е непријатно да се обратат на лекар кога имаат некој проблем со некој дел од телото, па неретко се советуваат до „Google“. Какви проблеми и да имате никогаш не избегнувајте да се обратите на лекар.

5. Користите лубрикант кој уствари и не е

Вазелин и разните масла на некого можат да му овозможат замена за лубрикант, но користењето било што што не е лубрикант, не е добра идеја. Освен што можете да развиете некоја инфекција, исто така со тоа можете да ја изиритирате вагината и да дојде до оштетување на кондомот.

6. Пиете преку вагината

Можеби сте го слушнале најновиот тренд ставање тампон натомен со вотка во вагина. Иако се надеваме дека ова е повеќе урбан хит него вистински тренд, не е на одмет да знаете дека тоа е најлошата идеа што може да постои. Имено „конзумирањето“ на алкохол на овој начина значи дека целиот алкохол оди директно во крвотокот, колку и да сте пијани нема да можете да го исфрлите од телото.