Живот
23. December 2015 - 18:04

Ова се уште не сте го чуле: Се развел на венчавката поради мајката на невестата

Младоженец од Саудиска Арабија се развел од својата сопруга во текот на венчавката поради кавга меѓу него и мајката на неговата избраничка.

Младоженецот и неговата невеста му позирале на фотографот кога нејзината мајка забележала дека нејзиниот зет има долга коса, која ја врзал околу вратот. Кога го замолила да се ишиша, тој ветувал дека тоа ќе го направи по венчавката, но таа инсистирала тоа да го направи веднаш.

-Мојата мајка тогаш почна да се кара со мојот младоженец и неговата мајка па дури и се пцуеја. Тогаш мајка ми ме грабна за рака и ме праша: „или тој или јас“, раскажува невестата за саудиската државна телевизија.

-Ја избрав мајка ми, секако. Мојот маж рече дека нема да прифати никакви условувања и веднаш се раведе од мене.

Невестата од Ријад вели дека се уште не може да поверува дека се развела поради прамен коса.