-Нашето истражување фрла свето на значењето на следењето на постарите пациенти кои лекарите ги гледаат насакаде. Би бил многу вознемирен доколку некој би го тумачел нашето истражување како мотив хипертензијата во доцните години да не се третира со лекари и тие да не се издаваат, вели авторот на истражувањето Џорџ Кушел.
Тој додаде и дека докторите и истражувачите мора да внимаваат на тоа што значи падот на притисокот кај постарите пациенти.
Иако постојат уште знакови кои укажуваат на близината на смртта и се јавуваат на само неколку години пред да настапи, крвниот притисок и промените карактеристични за него се највоочливи сигнали. Најголема причина е тој што е бројчано мерлив, често се мери и може да го следат и лекарите и самите пациенти.
Според зборовите на истражувачите ова е област која треба и понатаму да се истражува.