Живот
22. August 2015 - 10:34

Ова се работи кои мора да се знаат пред нова врска

бично брзото преминување на нешто ново, се покажува како не многу добра идеја. Потребно е враме за емоциите да стивнат.

По тежок прекин на некоја врска, понекогаш постои голем притисок веднаш да најдеш свој нов партнер. 
Но, пред да се одлучиш на тоа, мора да знаеш неколку важни работи, пишува босанскиот портал cafee.

1. Мора да бидеш подготвен/а
Обично брзото преминување на нешто ново, покажува дека не е баш толку добра идеја, без оглед на причината и околностите на прекинот. Дури и ако ти си била тој/таа кој ја прекинал врската, тука се уште постојат некои емоции. Дај си време тие да стивнат. 

2. Мора да знаеш што сакаш 
Биди јасен/на во тоа што сакаш од својот иден љубовен однос. Сакаш само малку забава или нешто посериозно? Така полесно ќе согледаш некои работи, но и ќе знаеш дека тоа лице не е на иста страна како ти. 

3. Држи го умот отворен
Често по раскинување на врска, луѓето во другите забележуваат мали работи, кои ги постетуваат на нивните односи од минатото. Држењето на умот отворен подразбира секогаш да се сетиш дека секој човек е индивидуален и единствен. Немој да брзаш во заклучоците, додека некого не го запознаеш подобро.