Живот
12. December 2015 - 11:12

Ова се пет работи кои не смеете да му ги кажете на партнерот пред секс!

Постојат зборови кои можат да го расипат вашите интимни моменти со партнерот. Во сексот, како и во многу други работи, важна е самодовербата, затоа немојте да ја нарушите со овие зборови.

1. Немој да ме гледаш.

Подобро да му кажете: „Гледај ме“, „Слободно“. Тие зборови ќе бидат вовед во моментот полн со интимност, страст и забава.

„Ништо не е повеќе секси во овој момент од моето тело“, и оваа реченица е добар избор. Уверливо ќе делувате, ако и звучите така. И никако поинаку.

2. Ги мразам своите…

Ако веруваме дека сме сексапилни, така и другите ќе не прифатат. За тоа ние одлучуваме, а не стандардите за убавина кои нам ни ги наметнува модната индустрија и светот на шоубизнисот.

close up portrait of beautiful alluring young woman

3. Изгаси го светлото

Едно е ако ова го побарате бидејќи сакате поинтимна атмосфера, но ако тоа го сакате за да се скриете во мракот, тоа е друга работа. И потполно погрешна.

4. Извини ако… (мој дел од телото) изгледа вака

Во текот на сексуалниот однос нема место за извинување поради „несовршености“. Дури и да сте објективни во проценка на вашиот изглед, партнерот посебно ќе ги засака тие ваши ситни маани.

5. Не сакам тоа да го видиш

Ако на партнерот му ги поставувате овие забрани, го намалувате неговото уживање за време на сексот. Но, и негативно делувате на свое задоволство. Важно е и во текот на односот да не поставувате прашање: „Дали добро изгледам?“. Така оставате впечаток дека се чувствувате непријатно во своја кожа. Сакајте се себе си!