Живот
13. July 2017 - 13:04

Ова се најсреќните броеви на лотарија кои носеле милиони: Еден број е најбаксузен, а не е 13!

Познато е дека поголема е веројатноста да ве погоди метеор отколку да добиете на лотарија. Сепак врз основа на резултатите од ново истражување имате поголеми шанси да освоите на лото.

Всушност, некои броеви се многу посреќни од други, односно врз основа на истражувањето, многу почесто биле извлекувани од други.

Платформата за онлајн кладење Џекпот ги споредила добитниците на лотарии ширум светот во последната година. Вклучени се над 1.500 извлекувања од 15 меѓународни лотарии вклучувајќи ги и ЕвроМилионс, британското Лото, ирсото лото и американското Павербол.

Утврдено е дека најсреќниот број е 16, кој е извлечен дури 191 пат, потоа бројот 22 извлечен 179 пати. Третиот најсреќен број е 28, потоа 37, па 6 и 3.

Наjретко извлечени броеви се 36, 32, 41, 30 и 46, а најнесреќен е бројот 18, извлечен само 4 пати, пренесува Дејли Меил.

Голем дел од лотариите ширум светот нудат избор на броеви од 1 до 50.