Македонија
25. January 2018 - 11:34

Ова се најплатените професии во Македонија, кој зема плата од скоро 100.000 денари?

Со месечно покачување од  82 проценти, вработените во воздухопловството во ноември изминатата година заработиле над 96 илјади денари и со тоа пилотите и другите професионалци од овој сектор се искачија на врвот на најплатени професии во Македонија.

Веднаш по нив се програмерите со плата од над 50 илјади денари, а третото место е резервирано за кадрите од финансискиот сектор. Во претпоследниот месец од 2017-та година, нивните плати изнесувале над 45 илјади денари.

Зад нив се вработените во фармацевтската индустрија (42.000 денари) и вработените во телекомуникацискиот сектор (38.000 денари).

Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017-та година просечната нето плата изнесувала 23.196 денари што во споредба со претходниот месец изнесува за 163 денари помалку.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2017 година изнесува 23.196 денари. Во ноември 2017 година 1,1% од вработените во Македонија не зеле плата.

Ова се професиите со највисока нето-плата:

Воздухопловен транспорт – 96.116 денари

Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 50.248 денари

Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 45.251 денар

Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 42.377 денари

Спортски, забавни и рекреативни дејности – 40.193 денари

Телекомуникации – 38.940 денари

Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот – 37.209 денари

Правни и сметководствени дејности – 35.800 денари

Складирање и помошни дејности во превозот – 36.556 денари

Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 36.446 денари

Дејности на организации врз база на зачленување – 34.893 денари

Помошни дејности кај финансиските услуги и дејностите во осигурувањето – 31.673 денари

Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување – 35.113 денари

Останати стручни, научни и технички дејности – 32.519 денари

Вадење руди на метал – 31.525 денари

Информативни услужни дејности – 31.588 денари

Поправка и инсталирање на машини и опрема – 31.425 денари

Целиот извештај погледнете го ТУКА