Живот
16. December 2017 - 18:26

Ова се херои: Виделе онесвестен човек како лежи на шините, а возот наидувал - тогаш почнала вистинската драма

Група патници од Њујорк видела човек како онесвестен лежи на шините, и работата да биде полоша, возот веќе наидувал.

-Господине! Господине! Разбудете се, ве молам - викаше Лилјана Висенте која прва го здогледала човекот.

Таа викала и викала обидувајќи се да го разбуди, а потоа и другите се стрчале да му помогнат.

Кога сфатиле дека возот се приближува ги фатила поголема паника. Висенте го притиснала копчето за итни случаи и сите тргнале да му сигнализираат и мавтаа на машиновозачот.

За среќа, успеаја и возот запре на време. Патниците овој несреќен човек го извлекоа на платформата.

-Мене да му се случеше ова, би сакал да се најде некој да ми помогне, рече Лилјана.

Иако не е  наведено што му се случило на мажот, и како завршил на шините, се истакнува дека свест ја вратил во болница.